Стартуваше промоцијата на кредитната линија од 75 милиони евра

Bez autora
Feb 06 2014

Министерството за економија и Европската банка за обнова и развој, во соработка со Охридска банка, вчера пред претставниците на стопанските комори во Македонија ја одржаа првата од неколкуте планирани промоции на новата кредитната линија на Европската банка за обнова и развој од регионалната Програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан, вредна 75 милиони евра. Активностите ќе продолжат и во следните три месеци, при што ќе одржуваат директни средби, најпрвин со стопанските комори во земјава, а потоа и со стопанствениците од внатрешноста на државата, како и единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), при што ќе се отвори можност секоја општина, која ќе сака да спроведе проекти за енергетска ефикасност, да може да аплицира за истите.

Стартуваше промоцијата на кредитната линија од 75 милиони евраМинистерството за економија и Европската банка за обнова и развој, во соработка со Охридска банка, вчера пред претставниците на стопанските комори во Македонија ја одржаа првата од неколкуте планирани промоции на новата кредитната линија на Европската банка за обнова и развој од регионалната Програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан, вредна 75 милиони евра.

Активностите ќе продолжат и во следните три месеци, при што ќе одржуваат директни средби, најпрвин со стопанските комори во земјава, а потоа и со стопанствениците од внатрешноста на државата, како и единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), при што ќе се отвори можност секоја општина, која ќе сака да спроведе проекти за енергетска ефикасност, да може да аплицира за истите.

Оваа кредитна линија се пласира преку комерцијални банки со кои ЕБОР има склучено договор, и тоа во досегашниот период склучен е договор со Охридска Банка Сосиете Женерал во Македонија, во износ од 6 милиони евра.

За кредитната линија може да аплицираат компании во приватна сопственост, трговци-поединци, како и јавни или приватни компании кои извршуваат општински услуги. Максималниот износ на кредитите можат да бидат до 2 милиони евра за проекти од приватниот сектор и до 2,5 милиони евра за проекти од јавниот сектор.

Подготовката на потребната документација за одобрување на проектот се врши од страна на проектните консултанти и е бесплатно за апликантите.

Како што вели министерот за економија Ваљон Сараќини реализацијата на ваквите проекти за одржлива енергија ќе придонесе за развој на пазарот на понуда и побарувачка на енергетски услуги, што ќе придонесе и кон поголема конкурентност на македонскиот пазар на услуги. Истовремено ќе се зголеми и сигурноста во снабдување на енергија, намалување на емисиите на стакленички гасови, како и зголемување на бројот на нови работни места.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik